Сезоната на пиперки е во полн ек и треба да се искористат. Можностите се речиси безбројни, особено ако се полнат, можат да бидат многу различни, во зависност од вкусот. Без разлика дали ги подготвувате како мезе или главно јадење. Зелена, жолта или црвена, слатка или зачинета, издолжена, тркалезна.

Класичниот рецепт за полнети пиперки содржи мелено месо во комбинација со малку ориз, додека за јадења без месо основата е претежно ориз или рендан компир измешан со моркови, печурки, ореви …

Ви претставуваме еден брз и едноставен рецепт …

Состојки:

  • 5 црвени пиперки (месести)
  • 150 гр фета сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1 лажица магданос, ситно исецкан
  • сол и бибер по вкус
  • 100 гр маслинки (исецкани на прстени)
  • лисја од магданос
  • Подготовка
  • Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги пиперките и исечете ги по средина, така што дршката останува недопрена, а отстранете ги семките. Наредете ги во намастена тава или во огноотпорен сад и ставете ги во рерна да се печат додека не омекнат.
  • За тоа време, направете смеса за полнење. Измешајте го сирењето со јајцето и павлаката, додадете ситно исечкани маслинки и ситно сецканиот магданос, сол и бибер.
  • Кога пиперките ќе омекнат, извадете ги од рерна и оставете да се изладат. Пополнете ја секоја половина со филот, па вратете ги во рерна уште десет минути да се печат убаво.
  • Добар апетит!
СПОДЕЛИ
Претходна објава5 начини да го разубавите вашиот дом кога вашиот буџет е (екстремно) мал!
Следна објаваТеорија на бои: кои бои се совпаѓаат едни со други
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ