Кога не можеме да ја смениме внатрешноста во нашата глава, се обидуваме да ја смениме надворешноста што таа ја гледа …

Тоа значи дека се обидуваме да го направиме нашиот топол дом уште потопол (или постуден, кому како му се допаѓа), но без некој голем буџет, се чувствуваме како да ни се врзани рацете.

Покрај тоа, ако сте станари решени да не инвестирате во станот додека вашето име не биде на вратата, тогаш финансиските средства ќе бидат искористени за патување, чанти и испорака на храна кога ве мрзи да готвите.

Сепак, со малку вкус и креативност, можете да стигнете до дом кој изгледа како од Pinterest со минимален буџет – а еве накратко, како.

Вашето саботно утро нека биде резервирано за лов на богатство

Антиквитетите се секогаш во мода, а во последната деценија, се може да помине како ‘vintage”. Плетена корпа во која можете да чувате весници, дрвен сандук кој ќе ви ја чува постелнината, вазни кои ќе ве мотивираат конечно да започнете да купувате цвеќе. Опциите се безбројни, особено ако знаете да се пазарите.

Магичниот свет на уметноста има неверојатна можност да ни го разубави моментот и денот, да не разбуди и промени. Исто така, може да го разубави и промени нашиот стан. Обично мислиме дека кога навистина ќе се одлучиме за некоја уметност, ќе шетаме низ градските галерии и ќе издвојуваме пари за тоа, но додека не дојде тој ден, има многу опции. Сликите или фотографиите што предизвикуваат позитивни емоции кај нас можат да се отпечатат на платно за малку пари, а може и така што не треба да трошиме пари за врамување.

(само да знете, не смеете да печатите слика на познат автор без авторска дозвола)

Наместо нови перници, купете навлаки за перници

Малите нешта ја прават големата слика убава. Со доаѓањето на боемскиот тренд, перниците стануваа поскапи, особено пошарените. Но, затоа можете да купите прекрасни навлаки кои периодично ќе ги менувате според расположението и фазите. Ова исто така важи и за други работи во куќата. Зошто да купите нов тросед кога има прекрасен мебел-штоф кој можете да го смените? Не менувајте теписи, туку тргнете ги на некое време. Ако ви е здосадено од плочките, купете парче линолеум и покријте ги. Залепете цветна фолија на висечките елементи, која целосно ќе го промени изгледот на вашата кујна. Кога имате голема креативност, ви требаат малку пари.

Терасата е секогаш нешто што доаѓа последно, бидејќи градинарскиот мебел никогаш не е наш приоритет. Но, ако имаме можност да создадеме оаза на мирот во која ќе можеме да пиеме кафе во тишина, треба тоа да го искористиме. Прво ни треба парче вештачка трева, што е ефтино, бидејќи ни требаат повеќе од неколку квадрати.

Големите, таканаречени лејзи бегс, навистина не се толку скапи како порано, а можете да ги купите на разни сајтови за смешна сума пари. Сијаличките, секогаш додаваат допир на магија, а мора да ги имате во подрум. Можете исто така да направите маса од дрвени гајби, а ако ја имате таа вештачка трева – не ви требаат ниту столици.

Искречете само еден sид

Ништо позабавно од работната акција (ако знаеме да се забавуваме). Кречењето е обично голем подвиг и кога ќе помислиме на купиштата најлон што ги користиме за покривање мебел и постојано чистење на прашината, често се откажуваме на почетокот. Но, ако ни требаат промени, можеме да искречиме само еден sид или дури половина од него. Ова е особено препорачливо во помалите простории, бидејќи ни дава чувство за простор и ни дава слобода да избереме која било боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПомалку од 60 евра: Ова е дизајнерска торба која ја носат сите познати личности!
Следна објаваРецепт на денот: Печени пиперки со фета сирење и маслинки
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ