Kонечно се враќа времето кога трендовите ги поставуваат славните наместо социјалните мрежи. Тие се слични на Халеевата комета – на секои неколку години повторно се појавуваат, пa ако сте родени во 90 -тите, ќе доживеете да носите стил од 50 -тите или 70 -тите години од минатиот век.
Летово, на ред беа модните додатоци од 2000 -тите. Заедно со розовите очила (вистински, а не метафорични – затоа што ироничниот став никогаш не излегува од мода) и шарениот пластичен накит, на улиците во сите модни престолнини можеме да видиме чанти чии рачки се толку кратки што можат да се носат најблиску под рамената .
Секоја година има своја торба. Така, минатата беше обележана со Bottega Veneta, 2018 година беше обележана со микро чантата Jacquemus, 2009 дефинитивно беше година на чантата Birkin, 2000 година сите ја носеа торбата на Диор „седло“… 2021 година, познатите личности најдоа совршена комбинација на одржлива мода и се одлучија за модната Gabby чанта на бренсот JW Pei од вегетанска кожа.Чантата чини 70 долари, а може да се најде на распродажба за помалку од 60.Оваа торбата најчесто можеме да ја видиме на рамо на познатата моделка Емили Ратајковски, која ја има во сите бои. Хејли Бибер, исто така, се одлучи за брендот JW Pei на пат кон продолжен викенд во Париз, како и Ирина Шајк која често со неа шета по улиците на Њујорк.

НЕМА КОМЕНТАРИ