Фокусирајте се на себе и стекнете самодоверба, чувство на доверба во своите способности, квалитети и проценка …

Самодовербата е најубавиот украс што го краси секој човек.

Сигурноста е неодолива и неверојатно привлечна. Треба да се разликува вообразеност од самодоверба. Самодовербата е сознание за фактот дека единственото важно мислење за вас е токму вашето мислење за себе. Самоуверените луѓе се споредуваат само со себе, односно со она што биле и каков напредок и развој постигнале – што нè води до заклучок дека самоуверените луѓе не се споредуваат со другите и за нив нема место за љубомора, навреда, исмевање …

Самодовербата е самопочит, која можеме да ја сфатиме како начин на третирање на себе си, што автоматски резултира со начинот на кој другите се однесуваат кон вас. Самодовербата е, во својата основа, всушност прифаќање себе си, токму онакви какви што сте.

За да стекнете самодоверба, свртете се кон себе и престанете да ги замарате другите. Посветете се на вашиот напредок и развој.

НЕМА КОМЕНТАРИ