Нашиот дом во текот на летото ја претставува нашата оаза …

Од жешкиот бетон надвор е пустина каде што нема воздух, а нашиот дом, кој (за среќа) не е топол, има ладовина и вода за освежување. Но, за да биде навистина пријатно и посвежо, треба да користиме одредени трикови. Подолу ви донесуваме 5 начини на кои можете да ја „разладите“ вашата соба ова лето.

Изберете потемни завеси …

Честопати избегнуваме завеси кои се темни, бидејќи имаме чувство дека тие визуелно го намалуваат и затвораат просторот. Понекогаш, особено во зима, недостатокот на светлина нè фрла во депресија, но во едно тешко летно попладне, тоа е токму она што ни треба.

Темните и тешки завеси се совршени за, да речеме, спална соба, бидејќи тие ќе спречат не само светлото да влезе, туку и топлината. Ова ќе создаде совршена атмосфера за попладневна дремка.

Збогатете ја просторијата со растенија …

Собните растенија не се добри само за внесување позитивна енергија во просторот или правење добри фотографии за социјалните медиуми.

Растенија како фикусот ја извлекуваат топлината од просторијата преку процесот на транспирација. Тие ослободуваат вишок вода од лисјата и со тоа се ладат „себеси“ и околината. Ако претходно не сте помислиле дека можете да одржите некое растение во живот, сега е време тоа да го пробате.

Сменете ја постелнината …

Како што материјалите се загреваат, така можат и да се оладат. Оние со кои се  покривате во текот на летото, мора да бидат лесни, тенки, природни, што ќе и овозможат на вашата кожа да „дише“.

Синтетиката дефинитивно треба да се стави надвор од употреба, особено во текот на летото. Користете фротирни крпи наместо ќебиња, а чаршафот нека биде памучен. Исто така, свилената постелнина е мазна и мека, а добра е не само за топлите летни ноќи, туку и за луѓето кои страдаат од алергии.

Одлучете се за некое друго осветлување

Кога велиме „топла“ или „студена“ светлина, навистина не мислиме на температура, туку на тон, но затоа постои друго решение за светлината да не ја загрева нашата просторија. Како што веќе знаете, LED светилките трошат помалку енергија. Како резултат, тие произведуваат помалку енергија што се претвора во топлина, така што вашата соба ќе биде поладна. Во исто време, не само што ќе придонесете за зачувување на планетата, туку и сметките за електрична енергија ќе бидат пониски.

Инвестирајте во добар систем за ладење

Ова е прилично очигледно решение и затоа го оставивме за на крај. Ние не сме тука за да ви кажеме да купите клима (тоа го знаевте и самите), туку да инвестирате во добра клима. Ова лето, не ви е доволен само вентилатор, туку инвестирајте во добра клима што ќе можете да ја отплатите на рати, а ќе си бидете благодарни на себе си.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЊујорк: Прекрасна вила со водапад!
Следна објаваКако да стекнете самодоверба?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ