Уште во 2008 година, Кејт Шин, некогашен финансиски волшебник, а сега претприемач, имаше визија да ја преобрази историска куќа во њујоршкиот Upper East Side,изградена во 1899 година во ултра луксузен дом …
Но, страствената колекционерка на уметности, не сакаше обичен дом – сакаше нејзиниот дом да содржи уникатен простор во кој нејзината растечка уметничка колекција ќе го најде своето место.
Со помош на реномиран архитект, Тошико Морија, Шин создаде галерија во приземје со 200 квадратни метри, која не само што содржи убаво осветлени sидови, туку доби и каскаден водопад висок 7 метри. Нормално, таа го нарече својот новореновиран дом, лоциран недалеку од Центарот Парк, Waterfall Mansion.
Од завршувањето на работите на овој дом, кое траеше повеќе од четири години, галеријата се користеше за настани на врвни брендови како Gucci, Fendi, Shiseido и Rolls Royce.
Прекрасните порти од леано железо и стакло се отвораат кон елегантниот простор, во кој се наоѓа обемна скулптура од Џеф Кунс, додека sидовите на галеријата се засилени така што можат да издржат трипати поголема тежинa во споредба со стандардните sидови на куќата.
Пред Кејт да го купи овој дом во 2008 година за 8,5 милиони долари, вилата беше во сопственост на влијателни текстилни дизајнери, кои ја користеа како свое студио за дизајн.
За време на процесот на редизајнoт, вилата доби нова конфигурација со шест нивоа, шест спални соби и шест бањи, распоредени на неверојатни 1100 квадратни метри, каде што можете да се движите по прекрасните скали од челик и стакло или со лифт.
Во подземното ниво има спа-ложа со теретана, просторија за масажа, џакузи и сауна, со гломазен дел кој е идеален за оние што практикуваат јога. Покрај тоа, има стаклена визба за вино со доволно простор за 1.000 шишиња.
На крајот, да кажеме дека оваа вила може да се купи по цена од 34 милиони долари!

НЕМА КОМЕНТАРИ