Навикнати сме да гледаме чевли со мачја пета – неутрални, минималистички и незабележителни – ваквите чевли, дури и ако се во силни бои, обично се лесни за комбинирање со било што.

Како и да е, како што покажа Pierpaolo Piccioli во колекцијата „Valentino“ за пред-есен 2021, таканаречените slingbacks може да станат и главен акцент на модерниот стил.

Класичните чевли Valentino со отворена пета повторно добија нова верзија, а овој пат беа претставени во гладијаторски стил.

Нивните тенки ремени со наредени копчиња се креваат во тенки редови до колена. Нитните на италијанскиот бренд се заменети со минијатурни машни, заради кои тие не изгледаат премногу сериозно и „тешко“. Украсувањето со овие детали, се разбира, е направено рачно.

Во есенската колекција, Pierpaolo Piccioli предлага да ги носите овие чевли од колекцијата French Bow со вечерни парчиња на облека: со светкави мини или темни макси фустани.

Високите slingbacks се доста погодни и во комбинација со строги блејзери и бермуди – во овој случај, подобро е да се избере монохроматска палета.

Valentino чевлите од колекцијата пред – есен 2021 година веќе беа претставени во бутиците и на веб-страницата на модниот бренд.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубава ревија на сезоната: гламурозни шапки и сите неонски нијанси во колекцијата на Valentino!
Следна објаваЊујорк: Прекрасна вила со водапад!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ