Кога модата соработува со уметноста, тoa значи резултат на високи модни креации со ненадмината естетика.

Дали модата е уметност? Pierpaolo Piccioli, уметнички директор на Valentino, одговара „не“ и објаснува дека „модата има практична цел, додека уметноста е целосно независна“.

За уметноста и модата, сепак, се дискутира на најконзистентен начин во креациите на Haute Couture колекцијата „Valentino Des Ateliers“, што куќата ја претстави на 15 јули во Венеција.

Колекцијата која Piccioli ја избра – не случајно – да ја претстави на локалитетот Gaggiandre  во комплексот Arsenale, каде што се одржува Венециското биенале, светска изложба на современата уметност, вклучува 82 изгледа, додека дизајнерот соработуваше со 17 меѓународни уметници, претежно сликари.

Гледајќи ја ревијатаа, можеме да заклучиме дека станува збор за „живи“ уметнички дела, креации кои имаат своја цел и можат да се носат.

Колекцијата на висока мода „ Valentino Des Ateliers“ е резултат на креативно помирување и соработка помеѓу уметниците и модните мајстори, како што е замислена и реализирана од Pierpaolo Piccioli.

Ова се соништа во бои, мода во еден од најубавите моменти.

НЕМА КОМЕНТАРИ