Читаме за надреални архитектонски концепти скоро секој ден …

Колку и да се возбудливи, ретко сите парчиња од сложувалката се совпаѓаат, за да станат дел од нашата реалност. Сепак, тоа не може да се каже за проектот MVRDV  Shenzhen Terraces, чија изградба штотуку започна, откако го освои првото место на меѓународен натпревар.

Проектот Shenzhen Terraces, се состои од неколку достапни простори кои имаат бројни намени, вклучително и едукативни, комерцијални и јавни, спојувајќи се со разни отворени зелени оази.

Овие тераси распоредени на површина од 95.000 квадратни метри поставуваат комплетно нови правила на игра, во споредба со високите солитери. Хоризонталните површини што ги сочинуваат се естетски пријатни и се совршено скривалиште од суптропската клима на овој град, додека заоблените форми го промовираат протокот на ветер и природната вентилација.

Основачкиот партнер на MVRDV компанијата Vini Mas, изјави : „“Shenzhen Terraces може да се гледаат како тродимензионален парк, што ќе им овозможи на студентите да шетаат на отворено кога времето е убаво, наместо да бидат заклучени внатре. Во овој проект, ние не работиме против климата, туку со неа. Природното ладење на терасите, заштитени од сонцето, наскоро ќе станат одлични места за одмор и уживање “.

Главните елементи на проектот вклучуваат театар, библиотека, музеј, конференциски центар и малопродажен простор. Во центарот на најголемата зграда, терасите се свртуваат навнатре и формираат отворен атриум, дозволувајќи им на воздухот и вегетацијата да навлезат во структурите и да дадат нова доза на живот на библиотеките, терасите, едукативните и комерцијалните програми.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОткријте го секој дел од нашата планета во најлуксузниот воз досега!
Следна објаваШарени кошули и маици кои ќе го подобрат вашето летно расположение!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ