Полово неутрални парчиња кои претставуваат романса и заедништво …

Gucci ја претстави својата најнова колекција на накит, наречена “Link to Love” која навлегува во родно-неутрални силуети, со цел да создаде вистински инклузивена селекција.

Изработена од жолто, бело и розово злато од 18kt, новата колекција содржи разни прстени, нараквици, ѓердани и обетки, декоративно украсени со логото на Gucci.

Прстените и нараквиците имаат современ дизајн и геометриски стилови кои се совршени за слоевито носење, а кои доаѓаат во цела низа повторувања, од обични опции до дијамантски со гравури.

Двата понудени ѓердани добија малку поделикатна форма, украсени со дијамантски привезоци кои го рефлектираат стилот на нараквиците, додека обетките добија поелегантен и декадентен стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Tutti frutti“ е повторно “највкусниот” летен тренд!
Следна објаваЛежерни комбинации за вас кои имате слабост кон маиците!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ