Многу луксузни станбени згради имаат свои приватни базени …

Сепак, со цел да се разликуваат од другите, кои упорно ги исполнуваат урбаните пејсажи, некои од претприемачите кои работат на нив стануваат вистински креативни. Најновиот проект, кој е навистина невообичаен, може да се види во Лондон, каде пред само неколку дена беше претставен најголемиот „лебдечки“ акрилен базен во светот.

Структурата е соодветно именувана Sky Pool, а се наоѓа на околу 35 метри над земјата, што ги поврзува двете кули од Embassy Gardens на покривите, со должина од 25 метри.

Од таа должина, околу 15 метри лебдат во воздухот, додека станарите кои се плашат од височина можат да уживаат во погледот што се протега од него на двата краја од конструкцијата и каде што наликува на два обични базена.

Се разбира, било потребно многу планирање за да се добие таа количина на вода во воздухот. Проектот претставува соработка помеѓу архитектонската фирма Аруп, инженерот Екерсли О Калахан и производителот на акрилик, Рејнолдс Полимер Технолоџис.

Секако, за да пливате во овој базен, мора да бидете член на клубот – сите жители на Embassy Gardens автоматски се приклучуваат на приватниот Eg:Le Klub, што им овозможува пристап не само до футуристичкиот базен, туку и на многу други погодности, теретана, кино, ложа и други. Цената на еден стан во овие згради започнува од 1,4 милиони долари, а само неколку единици се уште се слободни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJACQUEMUS лансираше совршена летна колекција!
Следна објаваСвеж начин за стилизирање на вашата розова кошула!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ