Летото е на прагот, што значи дека наскоро ќе поминиваме многу време на отворено, уживајќи на плажите, морињата и жешките летни денови …

Сепак, иако најтоплата сезона носи неколку одлични работи, нашата кожа може многу да страда за време на тропските денови. Зголемено потење, премногу изложување на сонце, па дури и лесен ветер може да ја оштети нашата кожа ако не се грижиме правилно за неа и ако не ја подготвиме за претстојното лето.

Подолу откриваме неколку вредни совети за подготовка на кожата за најпријатната годишна сезона.

Пилингот како клучен дел од приказната

Доколку сакате вашата кожа да изгледа младешка и сјајна дури и во најжешките денови, ви предлагаме да закажете третман со хемиски пилинг кај професионалец на самиот почеток на сезоната, што ќе ви олесни да ги отстраните слоевите на мртва кожа. После тоа, треба да продолжите да ја негувате кожата дома со нежен пилинг барем еднаш неделно, бидејќи тоа ќе ви помогне да ги отстраните сите нечистотии од порите, да спречите формирање дамки и појава на кожа која се лупи.

Хидратацијата е задолжителна

Колку се потопли деновите, толку побрзо вашата кожа ја губи својата хидратација. Ова може да го спречите на два начина – првиот вклучува редовно и оптимално внесување на чиста вода – најмалку осум чаши секој ден, а втората се базира на хидратантни креми и лосиони. Веднаш штом ќе излезете од тушот, задолжително ставете лесен крем на целото тело, обрнувајќи посебно внимание на пределот на лицето и вратот. На овој начин, вашата кожа ќе ја задржи максималната количина на хидратација. Исто така, треба периодично да го обновувате слојот на вашиот хидратантен крем во текот на денот за да спречите првут и иритација.

Нежно отстранување на влакната

Во текот на летото, нашето тело е најмалку покриено со облека и природно е дека сакаме да се ослободиме од несаканите влакна. Без оглед кој метод ќе изберете, проверете дали е можно што понежно, за да де избегнете иритацијата. Доколку се појави иритација, дајте и време на кожата за одмор, пред да ја изложите на сонце. Ако користите ленти со восок, заедно со влакната, отстранувате и еден слој на кожа, откривајќи нов, кој е чувствителен сам по себе. Фоликулите на влакната се многу чувствителни на топлина и триење, така што треба да и дадете време на кожата да се одмори. Ако навистина треба да излезете надвор веднаш по депилацијата, нанесете крема за сончање без масло на вашето тело, со цел правилно да ја заштитите.

Не заборавајте креми со заштитен фактор

Нанесувањето крема за сончање со висок заштитен фактор ќе ве заштити од штетата што може да ја предизвика сонцето и ќе ја задржи вашата кожа сјајна. SPF е веројатно најважниот дел од вашата рутина за нега на кожата во текот на целата година, особено во текот на летото. Исто така, користете само SPF со цинк или титаниум затоа што тие ќе ги блокираат УВ зраците поефикасно и ќе ја негуваат вашата кожа. Сепак, не се фокусирајте само на рацете, стомакот, лицето и нозете. Не заборавајте да го заштитите вашиот скалп и врвовите на стапалата, бидејќи тоа се најзапуштените области и лесно може да се оштетат.

Летото е близу и сите го поздравуваме, но на нашата кожа и треба малку повеќе помош за да остане здрава и да изгледа одлично. Значи, иако е топло надвор, не заборавајте да ја хидрирате кожата, да пиете многу вода и да ја прилагодите вашата рутина за нега.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 парчиња кои треба да ги има секоја жена до 30-годишна возраст во својот гардеробер!
Следна објаваВеличествена вила со стил и срце од Италија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ