Именувана “La Dolce Vita” оваа вила од 23 милиони долари е изградена во италијански стил, а сместена во Силиконската долина во Калифорнија.

Сместена на седум бујни хектари во прекрасната околина на долината Портола, вилата со површина од скоро 800 квадратни метри се наоѓа на многу кратко растојание од Пало Алта, Атертон и Маунтин Вју.

Мора да потенцираме дека не само што нејзиниот стил е италијански, туку и многу елементи со кои е опремена потекнуваат од Италија.

Кровните плочки, на пример, се стари повеќе од 300 години и биле доставени многу внимателно од Италија.

Тенки плочки од тула во некои од спалните соби доаѓаат од подот на стара италијанска црква.

Друг акцент на вилата е величествениот, рачно резбан и рачно насликан дрвен таван во просторијата за пијано, а е спасен од трошна венецијанска вила.

Винарската визба го добила сволот исклучителен таван и под од реставрирани италијански цигли, а дизајнирани како почит кон фините вина кианти и брунелоси – сегашниот сопственик на вилата исто така работи и управува со винарија во долината Напа, што дефинитивно ги разјаснува работите .

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПодгответе ја вашата кожа за летото!
Следна објаваХит на летната сезона: макси тексас здолниште!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ