Макси здолништата се сезонска гардероба која ги надминува трендовите, а денес ќе  разгледаме модели од тексас.

Можете да изберете макси тексас здолниште во светло сина боја, совршено за лето, во безвременска црна боја, со шарени дезени или дури во двобоен тексас.

Иако макси тексас здолништето има лежерна и бохо атмосфера, тоа може да биде и доволно шик за во канцеларија, доколку го изберете вистинскиот крој (А-линија или на копчање) и се одлучите за вистинскиот стил.

Всушност, трикот е да изберете соодветна облека со макси тексас здолниште, и тоа ќе стане идеално парче облека за секоја пригода. Доколку барате опуштен изглед, можете да изберете маица или дуксер и да ја носите во комбинација со патики.

Доколку сакате гранџ стил, комбинирајте го своето макси здолниште со војнички  чизми, омилена маичка од рок бенд, црна јакна-бомбер и неколку слоевити ланчиња. За женствен изглед, одлучете се за долго тексас во молив крој, убава блуза, пар женски чевли или сандали и преголем модел на торба или клач модел.

За денес избравме женствена комбинација на облека која е инспирирана од еден моден изглед од модната недела во Милано.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеличествена вила со стил и срце од Италија!
Следна објаваМелинда Гејтс побогата за 850 милиони долари!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ