Ginger shot неодамна стана многу популарен еликсир за здравјето. Конзумирањето на оваа имунолошка бомба има многу придобивки. Има многу интензивен, кисел и малку зачинет вкус, па затоа веднаш ќе ви го разбистри умот, ќе ве наполни со енергија, ќе го прочисти вашиот ум, но и вашето тело.

Зошто е добро да се консумира?

Двете главни состојки на овој пијалок се ѓумбир и лимон.

Ѓумбирот е од дамнина познат како многу лековита намирница, покрај тоа што го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, тој е одличен сојузник против гадењето, грипот и настинката, но го користат и дијабетичари и луѓе кои имаат проблеми со срцето. Ѓумбирот исто така се смета за одличен активатор на вкус, тогаш,  кога сте го изгубиле чувството за вкус и мирис поради короната. Лимонот, од друга страна, е познат како овошје кое е полно со витамин Ц и е одличен сојузник во здравјето, детоксикацијата и слабеењето.

Како да направите овој пијалок дома?

Иако, во последно време, навистина можеме да најдеме разни производители на ginger shot на полиците по продавниците, како што се Ginger Shot – GymBeam, Solevita – Bio Ginger Shot, Ginger Up Plus и многу други, можете да направите подеднакво добра и здрава, секако и поприродно верзија дома. Сè што ви треба е свеж ѓумбир, лимон и блендер.

  • 500 гр ѓумбир
  • 500 гр сок од лимон

Излупете го ѓумбирот и ставете го во блендер. Ако сакате малку поблага верзија, додадете малку вода во блендерот. Откако ѓумбирот ќе го изблендирате, процедете го за да ги одделите влакната од ѓумбирот од сокот. Потоа додадете го исцедениот сок од лимон, измешајте сè заедно и вашиот еликсир е подготвен, односно ginger shot.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКомбинирајте удобно со корисно: количка за купувaње!
Следна објаваЗаштитете ја животната средина и обојте ги велигденските јајца на природен начин
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ