Кои дестинации ви паѓаат на ум кога фантазирате за вашиот следен одмор?

Дали сонувате за спа-центар со пет sвезди кој што ќе ве разгали до коска и ќе ве натера да заборавите на сите ваши проблеми или пак, на ум ви е хотел во срцето на некоја метропола, кој ќе ви даде можност да се стопите со културата на вашата дестинација?

Овој пат, ние се фокусираме на љубителите на природата, кои не сакаат да се откажат од луксуз, удобност и стил во своите авантури.

Кампот Сингита е на самиот врв на популарноста кога станува збор за еколошки и социо-свесен туризам, а таа позиција ја зазеде пред скоро 27 години кога беше основан. Секој од неговите 15-те сафари ложи и кампови обезбедува неверојатен одмор за секој гостин.

Сега, славниот камп го претставува својот ново дизајниран додаток – Сабора Тент Камп, кој ќе ја доживее својата прва целосна сезона оваа година.

Сместен во резерватот Сингита Грумети, кој зафаќа околу 140.000 хектари заштитена природа, кампот Сабора им дава на гостите можност да уживаат во поглед од прва рака на променливиот пејзаж на Танзанија, секако со дополнителен допир на луксуз.

Резерватот Сингита Грумети е дел од екосистемот на Серенгети Мара и е дом на некои од најинтересните животински видови, кои сакаат да ги заштитат и да спречат каков било обид за ловокрадство или појава на пожар.

Секој шатор е конструиран од одржливи материјали, истовремено потпирајќи се на сончевата енергија и штедливото осветлување, а дизајнирани се така, да се потпираат минимално на површината на земјата, оставајќи свој белег во пределот.

Како и што може да се очекува од водечкиот луксузен камп за сафари, можностите за авантура во овој дел од светот се практично неограничени – гостите можат да изберат на која сакаат авантура, истражувајќи го само срцето на најоддалечените делови на Африка.

Во зависност од времето на посетата, гостите можат да се сретнат со гепарди, слонови, мајмуни и лавови, додека самиот камп се наоѓа на светски познатата рута на големата миграција.

Велнес-понудата на Сингита Сабора се потпира на нејзината природна средина и овозможува блажено релаксирачко прибежиште. Менито за третмани во кампот вклучува домородно знаење и локални есенцијални масла за релаксација, подмладување и заживување, а секој третман е прилагоден на уникатните потреби на гостите.

Може да се ужива во масажите во наменските простории на кампот со поглед на резерватот или во приватноста на вашата соба. Главната област на ложата нуди и отворен базен отворен кон чудата на дивината.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧевлите со отворена пета мора да ги имате секоја пролет!
Следна објаваСовршена летна колекција на Louis Vuitton!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ