Ананда на Хималаите е повеќе пати наградувана велнес дестинација во подножјето на Хималаите, опкружена со прекрасни врвови, родното место на јогата, медитацијата и Ајурведата …

Со поглед кон градот Ришикеш и долината Ганг во северна Индија, Анада е одморалиште посветено на враќање на рамнотежата и усогласување на енергијата преку холистички пристап кон благосостојба. Комбинира традиционални индиски велнес практики, како што се Ајурведа, јога и филозофија на Веданта, со најдобрите интерактивни велнес искуства и здрава, органска кујна, за да се создаде унија на тело, ум и душа.

Најпознатите велнес-програми на Ананда, како што се ајурведското подмладување, детоксикација, Јога детоксикација, Dhayana медитација, контрола на телесната тежина и управување со стресот, се познати низ целиот свет. Сите програми започнуваат со лични велнес консултации и следат холистички пристап кон постигнување оптимални резултати во безбедна и гостопримлива атмосфера, предводена од тим професионални ајурведски лекари, терапевти, нутриционисти, јогии и спа-готвачи.

Просторниот спа центар зафаќа над 2.500 квадратни метри и нуди дваесет и четири простории за третман, најсовремена теретана, отворен базен со контролирана температура на вода и луксузни делови посветени на хидротерапија.

Одморалиштето Ананда е ценето и заради својата гурманска велнес кујна. Велнес менито, кое се менува секој ден, се заснова на ајурведските принципи и е прилагодено на индивидуалната доша или тип на тело на секој гостин, со фокус на природни, избалансирани и свежи оброци.

Ананда се наоѓа на имотот на Палатата Махараја со површина од четириесет хектари и се одликува со беспрекорно уредени градини, седумдесет елегантни соби со панорамски поглед кон долината, четири апартмани со приватни градини, историски апартман Viceregal со приватна тераса и три приватни луксузни вили со приватни базени, опкружени со зеленило.

Гостите на ова одморалиште можат да уживаат грандиозноста на Хималаите доколку изберат авантури на отворено, како што се пешачење, планинарење, рафтинг или возење во џунгла. Посебен акцент на оваа дестинација е обиколката на античките храмови и манастири кои го опкружуваат Ришикеш, што завршува со незаборавно духовно искуство на церемонијата Ганга Арти, која се изведува секоја вечер на бреговите на реката.

Дополнете ја вашата енергија оваа година со тоа што здравјето ќе стане постојан дел од вашиот живот.

Се разбира, за тие кои можат и сакаат да си го дозволат ова искуство …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНe e за тие со слабо срце: нова модна соработка на BVLGARI со Mary Katrantzou!
Следна објаваМалина Сорбет Пантоне: најубавата розова нијанса за пролет 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ