Дева Касел се враќа на сцената појавувајќи се во новата кампања на Долче и Габана за новата линија на мириси …

(Дева Касел е ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел)

Фотографирана од Бранислав Симончик, убавата Дева позира на брегот на езерото Комо, промовирајќи го новиот парфем Dolce Rose. Облечена во прекрасен бел фустан со sвонести ракави и детали од тантела, Дева е визија за природна убавина.

Новиот мирис, Dolce Rose, е опишан како овошна-цветна мешавина со ноти од ружа, зелено јаболко, сандалово дрво и мандарина. Дизајнот на шишето носи црна лента врзана во машна, како елегантен детаљ што ја носи целата приказна на ново ниво.

„Дева е совршено олицетворение на весело расположение и разиграна енергија на Dolce девојките“, стои во официјалното соопштение на брендот.

рекламна кампања …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавината на традиционалните британски кроеви во колекцијата на Alexander McQueen
Следна објаваЈордан Костов Квинтет со настап во МКЦ (26.02.2021)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ