На огромно задоволство на публиката PMGJAZZ се враќа со серија концерти во живо, секако приспособени според реалните услови на пандемискиот живот, но со несмален ентузијазам и страст за презентирање квалитетна музика во живо. Yordan Kostov е еден од највредните и најинтригантни ликови на современата македонска џез сцена. Композитор, армоникаш и инспиративна фигура, со веќе 4 изданија за PMGJAZZ.
“Come Back” е насловот на најновото издание, кои деновиве се појави на
pmgjazz.bandcamp.com

Yordan Kostov Quintet, во кој освен авторот, партиципираат и Андреа Мирческа, Филип Букршлиев, Дамјан Грујо и Драган Теодосиев, е маркантна и сонично флуентна екипа на млади, но беспрекорно талентирани музичари. Нивната соработка е мошне плодна и се протега на неколку изданија и сценски настапи. Нивната музика освојува на прва, понекогаш на втора… постоа следи разоружување, боца Martini Rosso и фабулозен провод. Сјајни ликови и квалитетни музичари, кои благо речено го заслужуваат вашето потполно внимание.

 

Концертот ќе се одржи според пропишаните правила и норми за однесување во пандемиски услови. Задолжително носење маски и одржување на адекватна дистанца.

Бројот на билети е строго ограничен на 70, цената е 300 ден, а времето на почетокот на концертот е прецизно во 20.00 часот.

Влез на публика 19:30

 

 

Извор ПМГЏЕЗ

 

НЕМА КОМЕНТАРИ