Во текот на зимските месеци сите јадеме повеќе од вообичаено, не броиме калории и не обрнуваме внимание на тоа што, кога и во колкави количини внесуваме.

Ако сте љубител на слатки, тогаш сезоната на празници е особено тежок период за вас, бидејќи едноставно е невозможно да им одолеете на деликатесите со кои сме опкружени. Да бидат работите уште полоши, прекумерното уживање во слатките деликатеси не носи во еден маѓепсан круг во кој постојано јадеме и бараме нешто слатко, а потоа солено и така натаму од почеток.

За да не се доведете во ситуација кога сте изеле премногу или ако веќе сте јаделе повеќе од планираното, имаме неколку совети за вас.

Додека не е доцна, поработете на ова:

Подгответе храна богата со овошје и зеленчук за наредните денови

Јадете храна богата со растителни влакна и протеини

Консумирајте многу вода наместо алкохол и сокови

Кога ќе завршите со храната, оддалечете го прибор за јадење за да не останете во искушение.

 

Ако се чувствувате како да сте консумирале повеќе или тешка храна, пробајте го следново:

Прошетајте

Направете мини тренинг

Не легнувајте веднаш по оброкот

Пијте чај, минерална или млака вода со лимон

Дајте си време да помине тоа чувство

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдно е сигурно – Ѓаволот дефинитивно носи Прада!
Следна објаваПремиера на претставата „Диши“ од Данкан Мекмилан – Драмски театар Скопје
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ