Едно е сигурно – Ѓаволот дефинитивно носи Прада!

Или така ни се чини, кога ќе ги погледнеме OTT Prada Mohawk салонките, а сигурни сме дека и вие ќе се согласите со нас.

Овие сјајни, уникатни и необични чевли беа дел од модната ревија на Прада во 2009 година. Украсени со елегантно црвено кадифе, со низа кристали кои ги красат, овие салонки ќе бидат желба на секој антагонист, вклучително и на самиот Ѓавол.

Црните фасетирани кристали и кожните реси го сочинуваат делот од салонките  Mohawk, додека од друг агол силно нè потсетува на птицата Northern Cardinal, која се смета за една од најскапите во светот и има црвени пердуви налик на Мохавк. Покрај тоа, овие птици се малку поскапи од самите чевли – тие се продаваат за 850 долари, додека чевлите може да се купат за педесет долари помалку.

НЕМА КОМЕНТАРИ