Минералите ни овозможуваат посилен имунитет, повеќе енергија и подобар сон. Лекарите се согласуваат дека тие играат исклучително важна улога во правилното функционирање на целиот организам бидејќи го штитат од стрес. Тие влијаат на сите органи, а доколку ги нема доволно, се појавуваат разни болести. Еве ги сите придобивки на 3-те најважни минерали – магнезиум, цинк и железо.

Магнезиум

Тоа е минерал кој во стресни ситуации се излачува преку телесните течности. Оптималното внесување на магнезиум може да го ублажи чувството на вознемиреност, важен е за здравјето на коските и мускулите, како и чувството за енергија. Некои студии покажуваат дека тој исто така има корисен ефект врз сонот. Која е дневната доза на магнезиум што ни треба? На жените им требаат околу 320 мг на ден. Бидејќи неговите резерви се намалуваат со напорна физичка активност (мускулите го трошат за време на вежбање), понекогаш оваа доза треба да се зголеми. Магнезиумот се наоѓа во семките, зелениот зеленчук, авокадото и црното чоколадо.

Цинк

Цинкот влијае на имунолошкиот систем и со тоа нè штити од разни инфекции (вклучително и КОВИД-19). Доколку во организмот го нема доволно, доаѓа до слабеење  на имунолошката реакција кај некои клетки, што ја  отежнува борбата против инфекцијата и може да предизвика воспалителни процеси и оштетувања. Која храна е богата со цинк? Најголеми количини има во морските плодови и црвеното месо, а нешто помалку во мешунките, житарките и семките од тиква. Оптималниот дневен внес на цинк е околу 8 мг.

Железо

Овој минерал е неопходен за да еритроцитите го пренесуваат  кислород низ целото тело. Покрај тоа, железото е важно за функцијата на мускулите. Недоволниот внес преку храна може да ја отежни  концентрацијата и да го зголеми ризикот од развој на анемија. За да го избегнете ова, јадете месо, морска храна, мешунки и зелен лиснат зеленчук.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 Најубави нијанси на лакови за нокти – совршени за празничната сезоната!
Следна објаваPOLO Ralph Lauren ја претстави празничната кампања 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ