Како што сезоната на празници полека се приближува, сè повеќе сме расположени да бараме совршени додатоци со кои ќе создадеме магичен амбиент во нашиот ентериер.

MissoniHome додаде колекција на свеќи во својот асортиман, која дефинитивно ќе внесе комфор во секој амбиент.

Понудени во три различни стилови, свеќите точно го отсликуваат стилот на познатата италијанска луксузна куќа. Торта и Тотем восочните свеќи содржат иконска цик-цак шема на цилиндрична силуета.

Опцијата Торта има четири фитили и може да трае до 226 часа, додека Тотем има еден фитил и може да гори до 174 часа.

Покрај овие две опции, се нуди и Гомитоло, варијанта која не асоцира на клопче од  волна, што секако го потенцира разиграниот став на брендот Мисони.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПет најскапи хотели во Париз!
Следна објаваОвие млади луѓе можат да го унапредат талентот со износ до 2.500 евра – поддржи ги!!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ