>> Серија од три настани посветени на тројца домашни електронски музички продуценти. Со секој од нив накратко разговараме за музиката, творечкиот процес и можностите за работа по што следи настап во живо со нов материјал <<
=͟͟͞͞(☛   Live stream секој ден од 19.00 часот на Фејсбук страните на
=͟͟͞͞(☛  Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар
=͟͟͞͞(☛  четврток/12.11 Дева [Виктор Ирвин Иванов]
=͟͟͞͞(☛  петок/13.11 Мирко Попов
=͟͟͞͞(☛ сабота/14.11 Роботек [Горан Атанасовски]
(разговараат со: Виолета Качакова)
Музичка култура е програма на Локомотива- Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, која се занимава со истражување, контекстуалиација и презентација на музичката култура. Во нејзини рамки организираме три настани посветени на тројца современи македонски автори од различна генерација, чија работа се движат на линија помеѓу светската и локалната-автохтона култура во полето на електронската музика. Секој настан ќе започне со краток разговор во кој ќе се запознаеме со авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, а особено сега во пандемски услови. Настаните ќе се реализираат во Младински културен центар – кино Фросина, а ќе може да се проследат во живо преку лајв стрим кој ќе биде објавен на Фејсбук страните на Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и Младински културен центар.
Музичка култура е програма на Локомотива развиена како дел од проектот “Програма на Локомотива во Кино Култура проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура”, подржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Програмата се реализира во партнерство и соработка со Младински културен центар и ПМГ Рекордингс.
Биографии на учесниците:
>> Дева
е мистично музичко искуство кое тежнее да ве воведе во состојба на езотеричен транс произведен од примордијален ритам, антички дитирамби и сурова синтетика.
Ова е музички проект на Виктор Ирвин Иванов кој се занимава со музика, публицистика, промотерство и фотографија.
>> Мирко Попов
Роден е во 1972 во Скопје. Купува плочи и внимава на музика уште од почетокот на осумдесеттите години. Тој е првиот македонски интернационален диџеј, а професионално се занимава со тоа од 1992. Континуирано е активен на култното скопско радио „Канал 103“ од 1992, каде е главен и одговорен уредник помеѓу 2008 и 2010 година. Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Во 1995 го формира PMG Collective како манифест на акцијата што треба да го победи незадоволството од актуелната културна состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции и музички револуции. Во 1998 ја формира „ПМГ Рекордингс“ независна македонска дискографска куќа со повеќе од 200 изданија, која низ времето ја прошири својата дејност со вклучувањето на уште 3 подјелблови (PMG JAZZ, PMG Tanz Digital, Makedonide). Има снимено и издадено 15 албуми со своите 3 проекти: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew и 2 со легендарниот скопски џез-бенд Sethstat (еден студиски и еден во живо албум). Режисер/продуцент е на 50тина видео спотови. Сценарист/продуцент на еден музички документарен филм “103 Љубовно писмо до алтернативната култура” и автор на видео филм “До небото замок”. Настапува како актер и пишува музика за театар и филм. Режирал радио драма. Автор е на книга “Монографија: 20 Години те сакам”.
>> Горан Атанасовски – Роботек
Кога зборуваме за автентична, современа македонска електронска сцена, зборуваме за Роботек. Тоа е човекот кој прв се искристализира како препознатлив артист и продуцент, не само на домашната туку и на регионална сцена. Од неговите Atari почетоци во средината на 90-тите, па сè до софистицираната продукција 20 години подоцна, тој секогаш е оригинален и свој, безмалку легендарен бренд. Со 5 студиски албуми и безброј е.п. и сингл-изданија за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, тој е еден од водечките артисти на електронската сцена кај нас. Освен со неговата музика, тој е и еден од најбараните диџеи во регионот.

НЕМА КОМЕНТАРИ