Облаците се вистински извор на инспирација за многу креативци ширум светот…

По нив се моделираат бројни светилки, модели на тапети, мебел и многу повеќе. Сепак, овој пат ви претставуваме нешто сосема друго.

Шота Урасаки, студентка од Окинава во Јапонија, го дизајнираше столчето Облак, на кој секој би посакал да седне.

Седиштето од хартија е создадено со продирање на полиестерски влакна преку полиуретанска пена со помош на игла. Од друга страна, ногарките од не’рѓосувачки челик и рефлектирачкиот пиедестал создаваат илузија на дожд.

Високото седиште на овој стол ќе ве натера да мислите дека седите на вистински облак. Природната убавина за Окинава беше главната инспирација за уникатниот дизајн на столот, кој не доби потпирач за грб или раце, но сепак изгледа едноставно премногу удобно.

Конечно, мора да истакнеме дека овој стол доби награда Gold A Design за оваа година!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави пролетни фустани во колекцијата на Elisabetta Franchi за пролет/лето 2021!
Следна објаваMust have боја за есен? Chive Pantone – здрава и регенерирачка хармонија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ