Филигранот е деликатна уметност на метална обработка, обично, сребро или злато, кое се користи уште од античко време.

За оваа техника се користат перли или плетени нишки, кои исто така можат да се комбинираат, а потоа да се нанесат на површината на предметите изработени од ист метал и распоредени во форма на уметнички мотиви.

Оваа старомодна техника за создавање софистицирани парчиња е во фокусот на брендот „Бока до Лобо“, кој со оваа техника создаде еден од највеличествените производи во својата колекција – огледалото „Filigree Mirror“.

Како вистинско уметничко дело, луксузното огледало е омаж на клучните вредности на брендот „Бока до Лобо“ нивното наследство и вештини. Структурата на огледалото е создадена од месингани нишки, кои се позлатени со 18 каратно злато.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи ги претставуваме најслатките чевли за септември 2020 година
Следна објаваLG лансира маска со висока технологија против корона вирусот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ