Маската PuriCare Wearable Air Purifier содржи два вградени вентилатори, кои покрај функцијата за филтрирање на воздухот, има функција и за нејзино чистење …

Во месеците во кои започна пандемијата на вирусот корона, на потрошувачите им беше претставен комплетно нов аспртиман на маски за лице. Некои од нив се стилски, некои можат да ги преведат зборовите кои ги изговарате на друг јазик, но секоја маска има за цел да го ограничи ширењето на вирусот Ковид-19.

Сега, LG нуди маска што ви ветува дополнителна заштита – содржи специјален филтер, истовремено прочистувајќи го воздухот што го дишете.

Претставена минатиот четврток, оваа маска е лесна и е опремена со два Х13 ХЕПА филтри кои ќе ве заштитат од патогени во воздухот. Покрај тоа, ова не е само идеен прототип, бидејќи компанијата има намера да започне со продажба пред крајот на оваа година.

PuriCare Wearable Air Purifier е дизајнирана да одговори на двата најголеми проблеми што се појавија за време на пандемијата – непријатностите на домашните маски и недостатокот на медицински маски за еднократна употреба. За да се обиде да одговори на овие проблеми, компанијата лансираше уред кој содржи пар филтри, заедно со два вентилатори. Вентилаторите се контролираат од „респираторен сензор“, кој ја мери брзината и волуменот на вашето дишење и со тоа ја прилагодува нивната брзина.

Hi-tech маската е наменета за долготрајна, секојдневна употреба. Според LG, маската може да работи осум часа во режим на мала моќност, благодарение на батеријата која се полни 820 mAh. Не мора да се грижите ниту за чистење на оваа маска, бидејќи доаѓа со футрола која е опремена со ултравиолетови LED сијалички кои ја чистат додека се полни истовремено.

Според наводите, цената на новата маска ќе биде претставена следниот месец, додека на пазарот ќе се најде пред крајот на оваа година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузно огледало на Boca do Lobo изработено од филигранска уметност!
Следна објаваФустан од тексас: тренд кој се враќа во нашата гардероба оваа есен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ