Што вели науката за предностите од пријателството?

Како науката го разбира зборот „пријател“?

Во различни социолошки студии, овој збор значи различни нешта. Пријател може да биде колега на работа со кој ручате, пријател со кого е забавно да одите на забави, или личност со која сте биле блиски за време на студентските денови или сте седеле во иста клупа на училиште. Во најновото истражување, објавено во списанието Child Development, истражувачите ги докажаа придобивките од блиските пријателства за време на адолесценцијата.

Пријателството за време на адолесценцијата влијае на менталното здравје на една личност во иднина. Студијата опфатила 169 луѓе од различни националности и различни нивоа на приходи. Научниците ги интервјуирале субјектите кога имале 15, 16 и 25 години. Младите луѓе кои имале пријатели на возраст меѓу 15 и 16 години, имале ниско ниво на анксиозност и помала склоност кон депресија од оние кои немале близок пријател. „Не бевме изненадени што пријателството е важно во адолесценцијата. Бевме изненадени како тоа ја формира состојбата на човечката психа во иднина “, коментира авторката на студијата.

Во модерната реалност, адолесцентите имаат тенденција да се залагаат за популарност наместо комуникација. Илјадници следбеници на Фејсбук и Инстаграм не можат да заменат еден вистински пријател. Психологот Тим ​​Касер започнал да ја истражува оваа тема и докажал дека луѓето што прогонуваат бројни пријатели подоцна се чувствуваат помалку среќни од оние кои имаат еден, но многу близок пријател.

Професор по психологија на Универзитетот во Мичиген, успеал да ја докаже врската помеѓу пријателските односи и текот на хроничните заболувања. Во една студија на 280.000 луѓе, станало јасно дека хроничните заболувања се поблаги во зрелоста, ако имате добар пријател. И тука исто така, е важен квалитетот на комуникацијата: површните пријатели не се земаат во предвид, кога се среќавате со луѓе со кои е непристојно да плачете, да се фалите или да пукате од смеење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасна колекција на Oscar de la Renta!
Следна објаваКреативни идеи за кратките нокти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ