Носталгија за патувањата кои никогаш не се случија …

Секоја нова колекција во пандемијата е одреден подвиг на модните брендови. Не можат да се набават нови ткаенини, не можат да работат фабриките, работилници не работат со полн капацитет … Единствено од што не се лишени дизајнерите, дури и во најтешки услови, е нивната фантазија.

Лора Ким и Фернандо Гарсија, кои го водеа креативното наследство на генијалецот Оскар де ла Рента, сигурно не беа ограничени од тоа. „Всушност, моравме да го обновиме дизајнот три пати“, рече Ким. Работите беа подготвени дури и пред блокадата, но, како што се испостави, тие не ги задоволија потребите на светот во кој живееме денес.

Круз колекцијата „Оскар де ла Рента – 2021″ година се покажа како по-безгрижна од последните неколку колекции, нудејќи текстурална разновидност и целокупна цветна линија.

Гарсија и Ким ја направија колекцијата подостапна за денешните потреби – тие играа со материјали и создадоа јакни и здолништа за ден, како и свилени фустани со декорации за вечер.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВисечките градини на Бали се вистински рај!
Следна објаваДа имате најдобар пријател е добро за вашето здравје!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ