Лоциран помеѓу ривиерата и Свети Тропе, хотелот со пет sвезди, Lily of The Valley, ви нуди прекрасен амбиент и највисок можен квалитет на услуга…

Благодарение на своите велнес програми, Lily of The Valley е идеално место за одмор на идиличниот југ на Франција. Со своите 38 соби и 6 апартмани, хотелот гледа на плажата Gigaro и околните ридови, a се наоѓа во живописен дел на Франција, каде што природата е навистина зачувана. Хотелот нуди два ресторани, два topli базени и луксузно велнес село.

Гостопримливо и удобно, ресторанот Виста нуди рафинирани и вкусни јадења, од појадок до вечерни коктели на неговата месечева тераса. Во кујната, готвачот Vinsent Malard и неговото медитеранско мени со акценти на Прованса едноставно ќе ве воодушеват. Од друга страна, ресторанот Le Village нуди лесно, гурманско и нежно мени, со здрави опции за појадок, витамински ручеци помеѓу велнес третмани и лесна закуска пред јога.

Со своите три програми за Wellness – Ултра спорт, Ултра слабеење и Ултра велнес, овој хотел особено ќе им се допадне на гостите кои сакаат поддршка при губење на тежината. Професионалците пристапуваат кон секој гостин поединечно, за да им помогнат да се придржуваат кон своите цели и да се вратат во форма. Благодарение на големиот простор посветен на спортот, грижата и благосостојбата, хотелот нуди програми кои комбинираат детоксикација, спортски перформанси, слабеење и релаксација.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВеличествен пентхаус со скриен рај!
Следна објава‘Coffee table’ книги, нов тренди луксузен детал во домот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ