Прекрасниот пентхаус, со пет спални соби и прекрасни детали, ќе ве воодушеви со секоја педа од него, а е достапен за купување по цена од 17,5 милиони долари…

Овој стан, покрај прекрасно украсениот ентериер, ќе ви понуди и беспрекорна тераса, што е редок скапоцен камен на њујоршката сцена со недвижнини, исто така особено важен во ерата на Ковид19.

Терасата на четвртиот кат ќе ви даде чувство на уживање како во италијанска периферија, со својата бујна вегетација, фонтана, детали изработени од црвена тула и леано железо. Терасата има и сопствен звучен систем и осветлување, што ќе ви помогне кога повторно ќе се дозволат собири на поголем број луѓе.

Пентхаусот се наоѓа во зграда која првично била изградена во 1872 година од архитектот Џон Прага, а која е олицетворение на ненагласена елеганција и традиционална убавина. Внатрешноста на пентхаусот е потпишана од мајсторите на овој занает, Роналд Брик & Асошиејтес. Со највисоко ниво на изработка, очигледно во целиот овој дом, спалната соба со купатило, домашна канцеларија, приватна салата и влезот со мермерни подови и вратите од махагони, едноставно ќе ве воодушеват.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини венчаници во колекциите есен / зима 2020/2021 година!
Следна објаваХотел, спа и велнес – “Lily of The Valley” во идиличниот дел на Фrанција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ