Сонцето и убавото време можеме да ги користиме на многу начини, но дали има подобар начин од активности на отворено по што ќе се чувствуваме подобро и ќе се забавуваме?

Со топлото време, бројот на активности на отворено значително се зголемува, а една од многуте е возењето на старите добри ролерки. Имаме многу убави сеќавања од детството … Речиси никој од нас не пропушти топол ден без ниту еден круг околу паркот, а освен што е забавна активност, исто така и му правиме на нашето тело една голема физичка активност. Возењето на ролерки е поефикасно од пливањето или скијањето, а е исто толку ефикасно како и трчањето, така што можете да бидете сигурни дека сте направиле многу добар тренинг ако се одлучите на возење ролерки. Ролерките се одлични за зајакнување на бутовите и подигнување на задникот, а вие ги зајакнувате и мускулите на рацете затоа што треба да ги одржувате во рамнотежа при тркалање.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали клима апаратите се корисни или штетни за нашето здравје?
Следна објаваВкусни и фотогенични мали десерти
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ