Порано беа луксуз, додека денес е невообичаено да немате клима уреди на работа или дома. Тие станаа дел од нашите животи, без разлика дали ние го сакаме тоа или не. Познато е прашањето кое често се поставува „Дали климата е добра за здравјето?“ Се разбира, ништо не е црно ни бело. Не е добра, ако не ракуваме со уредот правилно, во спротивно имаме голема корист од нејзиното користење. Иако се уште е времето топло, не е лошо да се потсетиме на предностите и недостатоците на уредите за ладење.

Придобивки од разладени простории

Чувство на удобност и погодност
Во ладна просторија, луѓето се попродуктивни и помалку нервозни
Се чувствуваме посилни физички и ментално, со повеќе ентузијазам за било каква активност
Пониските температури го намалуваат присуството на инсекти и паразити
На оптимална температура, се потиме помалку, така што постои помал ризик од дехидрација
Климатизерот помага во отстранување на алергени
Ако инсталацијата на клима апаратот редовно се одржува, квалитетот на воздухот се подобрува.

Кому му пречи климата?

Кога станува збор за луѓе кои имаат алергии на носот или проблеми со синусите, промените на температурата или влажноста можат да ги иритираат. Нивниот нос протекува заради таа иритација, но не е страшно. Од друга страна, луѓето кои имаат хронични здравствени проблеми, како дијабетес или проблеми со ‘рбетот, земаат одредени лекови и не можат лесно да се прилагодат на температурата.

Како климатизерите влијаат врз луѓето склони кон алергии?

Честички, испарувања и други штетни материи доведуваат до застојан воздух и појава на астма, разни алергии и други респираторни проблеми. Кога ќе го вклучите клима-уредот, воздухот во просторијата станува поздрав. Со редовна употреба, сите видови на загадувачки материи се отстрануваат – од полен до прашина. Секако, оваа главна улога ја играат филтрите, кои мора да бидат чисти.

Клима апаратите го намалуваат ризикот од дебелина

Верувале или не, клима уредите го намалуваат ризикот од добивање вишок килограми, како и други здравствени проблеми што ги носи со себе. Истражувањата покажаа дека престојубањето во потопли простории го успорува нашиот метаболизам.

Недостатоци на клима – апаратите

Ненадејната промена на температурата и влажноста влијае на респираторниот систем
Ја суши кожата и мукозните мембрани
Прави бучава
Циркулацијата на воздухот може да пренесе заразни респираторни заболувања
Прашината и мувлата можат да предизвикаат алергиски реакции
Клима уредите честопати се фактор во развојот на хроничен ринитис и фарингитис, иритација на грлото и засипнатост.
Тие можат да ги влошат проблемите со очите, да доведат до конјунктивитис.

Правилата треба да се почитуваат

Просторијата каде што е клима апаратот треба редовно да се вентилира
Мора да го одржувате клима апаратот (филтер за чистење), додека професионалец треба да ја провери инсталацијата најмалку еднаш годишно
Температурата на собата треба да биде помеѓу 21º и 25ºC
Просечната влажност мора да биде помеѓу 60 и 70 проценти

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГламурозна ATELIER VERSACE колекција есен/зима 2020!
Следна објаваВозиме ролерки за убаво обликувано тело
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ