Кефирот е кисел ферментиран млечен пијалок, многу сличен на јогуртот. Тој е малку газиран и содржи мала количина на алкохол. Потрошувачката на кефир е поврзана со многу корисни ефекти врз здравјето на луѓето.

Кефирот се произведува од млеко и затоа е богат со хранливи материи кои се исто така присутни во млекото, но заради процесот на ферментација и присуството на корисни микроорганизми има некои покорисни својства на здравјето на луѓето отколку млекото.

Кефир потекнува од Кавказ, Тибет или Монголија. Се верува дека дури и пред 2000 година п.н.е., зрната од кефир и рецептот се пренесувале од генерација на генерација, како симбол на семејното богатство.


Зборот кефир потекнува од словенскиот збор кериф, што значи просперитет или добар живот. Името потекнува од целокупното подобро здравје што им се припишува на оние кои го консумирале редовно. Денес, најмногу индустриски се произведува во Европа.
Подолу ви ги донесуваме корисните ефекти на кефирот.

• подобрување на варењето и толеранција на лактоза
• антибактериски ефекти
• ефекти за намалување на холестеролот
• подобрување на контролата на гликозата во крвта
• ефекти врз намалување на крвниот притисок
• антиинфламаторни ефекти
• антиоксидантни ефекти
• антиканцерогени ефекти
• антиалергиски ефекти

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Savage x Fenty” на Ријана лансираше нов дел од летната кампања!
Следна објаваЕлегантен пентхаус на млада брачна двојка!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ