За младeнците, животот се менува со неверојатен ритам и прилагодувањето кон еден сосема нов свет, a далеку e полесно кога имаат дом кoj е удобен и совршено функционален …

Заедничкиот живот по венчавката е сосема поинакв во однос на претходниот период, а еден добар пентхаус како овој кој ви го презентираме денес, ја прави таа транзиција многу полесна.

Создаден како дело на БАЗ Аркитура за да ги задоволи специфичните потреби на младата брачна двојка, пентхаусот од 526 метри квадратни изразува софистицираност, елеганција и прави максимална употреба на достапниот простор. Со својата комбинација на мермер и дрво, се издвојува меѓу сите слични места за живеење.

Книгите и неколку дополнителни украсни елементи, како што е виолетовиот кауч, носат боја во ентериерот што е генерално неутрален. Со мермерните тонови и топлината на дрвото, постои совршен баланс на софистицираност и удобност во овој стан, што ќе го направи безвременски и трендовски и покрај годините кои минуваат.

Интересните дрвени врати го одделуваат просторот за јадење од дневната соба, а со нивното отворање се создава пространа и забавна социјална зона, каде двојката со леснотија може да ги прими семејството и пријателите.

Базенот и скарата до него, совршено го продолжуваат стилот на ентериерот, во исто време, нудејќи неверојатен поглед кон градот. Екстериерот е елегантно заштитен простор во кој гостите можат да уживаат во текот на денот и вечерните часови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто кефирот е совршен избор за вечера!
Следна објаваНајубави костими за капење од H&M!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ