Бананите се едни од најпопуларните намирници, тие обезбедуваат енергија, ве заситуваат, имаат голема содржина на калиум и магнезиум, добри се за срцето и мускулите и имаат високо ниво на витамин Б6, што е важно за нашиот нервен и имунолошки систем. Но, кога станува збор за појадок, сите нутриционисти ќе ви кажат дека бананите се најлошата храна која можете да ја изберете.
Сите веќе знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, а во брзањето на патот кон работата, бананата изгледа како совршен избор.
Иако бананите изгледаат како совршена опција за брза храна наутро, ако погледнете подобро, ова овошје не е најдобриот избор затоа што има 25 проценти шеќер (фруктоза) и умерена киселост.
Фруктозата предизвикува нагло да се зголеми нивото на инсулин во нашето тело, а по брзото зголемување, многу брзо следи нагло намалување, а резултатот од оваа промена е копнежот кон храна, тешкотии во концентрацијата и замор. Високата содржина на шеќер се ферментира и во телото, што го успорува варењето на храната.
За да се избегне овој негативен ефект, нутриционистите советуваат да јадете банани во комбинација со добри масти, а најдобриот избор се добри масти кои можат да се најдат во: јогурт, сирење, бадеми, путер од кокос, семиња чиа, цимет и куркума.
Само со додавање на маснотии, организмот може да ги подели хранливите материи од бананата, да го задржи нивото на инсулин постојано ниско и да ја спречи ја желбата на храна или заморот.
Најдобар начин за започнување на денот е појадок кој ги согорува мастите и кој ќе ви даде доволно енергија за остатокот од денот. Иако бананите ќе ви дадат за кратко време енергија, брзо ќе почнете да се чувствувате уморни и гладни, така што не користете банани како замена за цел оброк.