Стил во бела и сина боја, со мала доза на црвена и линии: подготвени сте да се препуштите на морнарскиот стил?

Морнарскиот стил се враќа секое лето за да ја освежи облеката со посебен шарм. А ние – би било бескорисно тоа да го скриеме – секогаш повторно лудо се вљубуваме! Да, затоа што посебно со доаѓањето на топлата сезона, мораме да ја покажеме свежата и елегантна облека, а морнарскиот стил претставува совршена синтеза на овие два квалитета.

За да го создадете овој стил инспириран од светот на наутиката, неколку клучни работи се доволни за комбинирање: од бели фармерки до неизбежен џемпер со линии, блуза со извезено сидро, палацо панталони или мини здолниште со низ на строго златни копчиња и костуми со принт на ланци.

Некои тематските додатоци го дополнуваат овој стил: од беретки и сандали, пругасрти очила за сонце до мокасини.
Одбравме неколку парчиња кои треба да ги додадете во вашата листа на сезонски желби и веднаш да запловите во морето на гламурот!

НЕМА КОМЕНТАРИ