Уметност
Банкси гo посвети новиот графит на суперхероите на нашето време – медицинските сестри и доктори.

Графитот сега ја украсува болница во Саутемптон!
Најмистериозниот и најпознат уличен уметник во светот Банкси ја покажа својата нова работа, која реши да ја посвети на суперхероите на нашето време – медицински работници кои се спротивставуваат на пандемијата на коронавирусот.

Eден од sидовите на болницата во Саутемптон е украсен со црно-белиот графит на Банкси со акцент во една боја. На сликата е прикажано дете кое со воодушевување ја гледа фигурата на медицинска сестра со црвен крст на градите – играчката е крената, а заборавени се Бетмен и Спајдермен во корпа за отпадоци.

Заедно со делото, уметникот остави порака до вработените во болницата со топли зборови: „Благодарам за сè што работие. Се надевам дека мојата работа ќе додаде боја на ова место, и покрај фактот дека е црно-бело “.

Малку порано, во април, Банкси објави труд посветен на изолацијата – многу по ироничен. Уметничкиот предмет беше бања исполнета со стаорци, еден од најомилените симболи на Британците. И насловот под фотографијата гласеше: „Мојата жена мрази кога тоа го правам дома“…погледнете на Инстаграм – banksy

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето 2020: Морнарскиот стил никогаш не излага од мода!
Следна објаваНезависните филмски работници добија рамноправна субвенција
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ