Замрзнатото овошје и зеленчук се фантастични за да ги имате при рака за сите видови на рецепти и се скоро исти во однос на хранливата содржина во споредба со свежите.

Замрзнат грашок има околу 70 калории на 100 грама во споредба со 79 калории свеж грашок. Замрзнат грашок содржи 5,5 грама протеини, една грама маснотии, 11 грама јаглени хидрати и 5,5 грама влакна на 100 грама во споредба со свеж грашок кој содржи скоро 7 грама протеини, 1,5 грама маснотии, 10 грама јаглени хидрати и 5,6 грама влакна.

Замрзнатите производи исто така имаат слични нивоа на витамини и минерали како свежите – во некои случаи може да бидат малку пониски, но разликите се минимални.
На пример, замрзнат грашок содржи 12 милиграми витамин Ц на 100 грама во споредба со свеж грашок кој содржи 16 милиграми, но од друга страна замрзнатиот грашок содржат повеќе калциум – 37 милиграми во споредба со свежиот грашок кој содржи 19 милиграми на 100 грама.

Нивото на сол и шеќер може, се разбира, да биде малку повисоко во замрзнатото овошје и зеленчук. Замрзнат грашок има 4 грама натриум на 100 грама во споредба со еден грам натриум во 100 грама свеж грашок.

Овошјето и зеленчукот брзо се замрзнуваат – за неколку часа од бербата. Се спремаат  така, што се веднаш подготвени за потрошувачка, а честопати се пакуваат дури и пред да бидат подложени на замрзнување. Исто така, се спречува какво било оштетување на структурата на овошјето или зеленчукот  кое помага во зачувувањето на неговата хранлива вредност.

Секогаш проверувајте ги етикетите на замрзнато овошје или зеленчук за да бидете сигурни дека тие се 100% без адитиви. Избегнувајте брендови кои додаваат шеќер, сол, вкусови или конзерванси.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаблуди за здрав начин на живот во кои треба да престанете да верувате!
Следна објаваНајмодерни чевли за пролет / лето 2020 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ