Митови за фитнесот кои не се вистинити

Бројни митови и заблуди кружат во светот на фитнесот во однос на вежбање, диетата и генерално, здравиот начин на живот.

Кога конечно ќе решиме да го промениме нашиот биоритам, да ја балансираме нашата исхрана и да внесеме вежбање во нашата дневна рутина, наидуваме на еден куп ставови и верувања кои не саботираат на нашиот пат кон целта, а тие ставови најчесто се однесуваат на правилното вежбање.

Подолу ви донесуваме 3 митови за фитнесот во кои треба да престанете да верувате.

Вежбањето на празен стомак има најголем ефект
Во суштина, овој факт е точен, но со себе носи и одредени опасности. Вежбање пред првиот оброк може да предизвика пад на шеќерот во крвта, пад на крвниот притисок, па дури и несвестица. Лесен оброк еден час и половина пред тренингот ќе ги спречи овие несакани ефекти и нема да пречи во трошењето на калориите за време на тренингот.

Стомачните вежби ќе ги стопат масните наслаги на стомакот
Вежбите за стомачните мускули ќе ни помогнат да ги зајакнеме и дефинираме мускулите, но, не и да ги отстраниме масните наслаги. За да се стопат масните наслаги, неопходно е да се примени кардио тренинг кој троши најмногу калории. На крајот на краиштата, масните наслаги никогаш не се топат од регионот кој во моментов ги правиме вежбите, туку рамномерно од целата површина на телото.

Колку повеќе тренинг, толку подобро
Повеќето луѓе веруваат дека резултатите ќе бидат побрзи доколку се вежба поинтензивно, но важно е да се знае дека најмногу позитивни промени во нашето тело се случуваат при одмор, така што правилниот ритам на тренинг би бил три дена вежбање, еден ден пауза.

Најдоброто решение за губење на тежината е умерена физичка активност со долгорочен план на тренингот и исхраната.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако можете да ги користите користени кесички од чај за нега на кожата?
Следна објаваКолку е здраво да се јаде замрзнато овошје и зеленчук?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ