На стапалата им е потребна посебна грижа, а за да бидат убави и мазни, не мора да одите во козметичките салони кои штотуку започнаа да работат и секако е тешко да закажете свој термин.

За совршено меки стапала, направте сами домашен пилинг.

Потребни состојки : 2 лажици мед, 2 лажици кафен шеќер, 2 лажички бадемово или кокосово масло и 2 капки масло од лаванда или портокал.

Сите состојки заедно добро измешајте ги. За да може резултатот да биде што е можно подобар, пред да ја користите маската за пилинг на стапалота, прво треба да ги натопите нозете во вода бидејќи тоа помага во процесот на пилингот. Влажната кожа ќе го апсорбира производот подобро.

Држете ги стапалата потопени половина час во топла вода со лажица морска сол или половина чаша јаболков оцет, истуширајте ги со ладна вода, избришете ги и потоа нежно триете со пилингот кој сами го направивте. Исплакнете ја смесата со топла вода и избришете ги нозете, а потоа на стапалата нанесете мрсна крема. Повторете го овој третман двапати неделно и наскоро ќе ги видите резултати.

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Friends” на малите екрани до крајот на летото
Следна објаваЛето 2020: „Saffron“ – жолтa!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ