Доаѓањето на топлите денови нè потсетува дека летото е зад аголот, но и дека е крајно време да го донесеме нашето тело во топ форма. Иако многумина го наоѓаат решениетово  „последна минута“ со ригорозни диети и напорни вежби, но факт е дека не е најпаметниот, и што е уште поважно – не најздравиот начин за постигнување на посакуваниот изглед.

Денес, благодарение на неограничената количина на достапни информацијии, можете лесно да пронајдете и проучите различни видови обука и со тоа да откриете кој вид вежби најдобро одговара на вашето тело. Јогата и пилатесот станаа многу популарни кај сите генерации во последните години, и треба да се напомене дека пилатес е еден вид обука што многумина го избегнуваат заради заблудата дека со овој вид вежби слабеењето не е можно. Пилатес во голема мерка избегнува големи влијанија, голема моќност и големо оптеретување на мускулатурата и скелетот.

Со тоа што ќе бидете свесни за секое движење, ќе постигнете многу подобри резултати, а заморот ќе биде значително помал. За изведување на вежби пилатес доволно е да имате топка и пристап до интернет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕнтериер: Портокалов кауч во ентериерот!
Следна објава,,Friends” на малите екрани до крајот на летото
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ