Истражувањата откриле дека луѓето кои страдаат од главоболки имаат помала концентрација на магнезиум во крвта, а покрај главоболките, има и некои други симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум во организмот.
Ако сте од оние луѓе кои не можете да го завршите денот без малку чоколадо, тоа е сигурен знак дека ви недостасува магнезиум. Копнеж по млечно чоколадо е често најчестиот показател за недостаток на оваа хранлива материја, особено кај помладите луѓе.
Покрај силните главоболки, постојат голем број на симптоми кои укажуваат дека на организмот му е потребен магнезиум, а ние ви кажуваме за најчестите подолу.

Срцева аритмија
Меѓу најсериозните симптоми на недостаток на магнезиум е срцевата аритмија или неправилната работа на срцето. Симптомите на аритмија се благи во повеќето случаи. Честопати нема симптоми. Но, кај некои луѓе може да предизвика чувство на прескокнување на отчукувањата на срцето. Други можни симптоми на аритмија се скратен здив или болка во градите. Во најтешките случаи, аритмијата може да го зголеми ризикот од мозочен удар.

Промени во расположението
Магнезиумот е поврзан со функцијата на невротрансмитерите во мозокот кои влијаат на меморијата, размислувањето и емоциите. Затоа, ако имате необјаснети емотивни осцилации, обидете се да земете повеќе магнезиум.
Крвен притисок
Неколку студии сугерираат дека ниското ниво на магнезиум може да го зголеми крвниот притисок, а други студии покажале дека додатоците од магнезиум можат да го намалат, особено кај возрасните со висок крвен притисок.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТорбата Guess Vikky од еко кожа – наменета за урбаните дами!
Следна објаваТитулата за нај зелен град во светот ја доби Виена!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ