Таканечениот “Best Cities Ranking” споредува 100 градови низ целиот свет кои имаат повеќе од еден милион жители и исто така најголем број прегледи на TripAdvisor.

Виена го зазеде 36-то место во генералниот пласман, а според “Green-Cities-Ranking”( „Зелените градови-рангирање“) прво.

За оваа листа беа земени педесет градови со најразвиен туризам. Минхен и Берлин го зазедоа второто и третото место. По нив следуваат Мадрид, Сао Паоло, Манчестер, Лисабон, Сингапур и Амстердам. Вашингтон, главниот град на САД е последен меѓу десетте нај зелени градови.

Еве неколку критериуми по кои се рангираа нај зелените градови:

1. процент на јавни зелени површини
2. учество на обновливи извори во вкупната потрошувачка на енергија
3. процентот на населението кои користат јавен превоз за да одат на работа
4. концентрација на PM10 (μg / m3) честички во воздухот
5. потрошувачка на вода по глава на жител
6. достапност на опциите за рециклирање и компостирање (биолошки одпадоци, најчесто од храна)
7. број на пазари со локални производи

Schoenbrunn

Виена ги освои бодовите врз основа на „иновативни идеи од областа на мобилност и јавните паркови“.

Покрај тоа, се издвојува како еден од ретките градови со национален парк во рамките на градот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСимптоми кои индицираат дека треба да внимавате на внесот на магнезиум!
Следна објаваЦреши – сладок тренд на летната сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ