Навистина е тешко да се поверува дека нешто толку вкусно може да биде без калории, Затоа кога следниот пат ќе посакате да каснете нешто слатко, одлучете се за јагоди како замена за десерт.

Јагодите се сметаат за волшебна храна уште од античко време и се споменуваат во многу легенди. Првите колачи се направени од јагоди. Во Рим, јагодите биле симбол на Венера, божицата на љубовта, заради нивната неверојатна форма и црвена боја. Тие се користеле за ублажување на „симптомите на меланхолија“ и за лекување на „скршените срца“.

Со текот на времето, научните истражувања ги потврдија феноменалните шпекулации: на пример, дека јагодите навистина можат да го подобрат здравјето на срцето. Што се случува со телото кога ги јадеме?

Студијата од универзитетот Харвард потврди дека редовната консумација на антоцијанини (еден вид флавоноид што се наоѓа во нив) го намалува ризикот од срцев удар кај 32% од жените. За да го направите ова, јадете јагоди најмалку три пати неделно, како природно антиинфламаторно средство, кое ги штити sидовите на крвните садови од оштетувањето предизвикано од холестерол. Високата содржина на полифеноли спречува формирање на згрутчување на крвта. Можеби сте слушнале дека антиоксидантите не само што го забавуваат процесот на стареење, туку и се борат со слободните радикали:
а) го неутрализираат ефектот на ултравиолетовото зрачење; б) го блокираат растот на туморот и го намалуваат воспалението – еден вид превенција од карцином.

Придобивки од јагодите за фигурата. Како што објаснуваат лекарите, црвените бобинки придонесуваат за слабеење. Оваа храна е со низок гликемиски индекс (40) и многу влакна, го регулира нивото на шеќер и го забрзува метаболизмот, дури и ако ги јадете додека лежите на каучот гледајќи романтична комедија. Ова е разумен избор и за дијабетичарите и за оние кои сакаат сезоната на плажа да ја отворат со најсоодветна фигура. За да започнете со постапката, треба да јадете околу 37 парчиња јагоди на ден. Покрај телото, го пумпате и мозокот – помагаат во зајакнување на нервните врски и ја подобрува меморијата.

Дали знаете барем еден здрав производ кој не содржи витамин Ц?
Чаша свежи бобинки (околу 150 g) содржи 160% од дневната норма – а во исто време само 50 калории!

Со што јагодите најдобро се комбинираат во исхраната? Најочигледна е овошната  салата (јагоди + грозје, ананас, праски, мед) или похранлива верзија, со пилешко, портококали, козјо сирење и лисја од спанаќ. Алтернативно, додадете јагоди во кисело млеко со капка сируп од агава и бадеми или додадете во овесена каша и кокосово млеко.
Уживајте во јагодите и подобрувањето на вашата фигура и здравје!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMango: клучни парчиња во кои се инвестира сега!
Следна објаваRihanna е во потрага по модели за новата колекција, пријавете се
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ