Иако коронавирусот го прави невозможно одењето кај вашиот фризер, постојат неколку начини како и во вашиот дом да ја негувате косата на уште полесен и безбеден начин.
На нашата коса, како и на секој друг дел од нашето тело, и треба посебна грижа и внимание, а убавата и густа коса е сон на секоја жена. Без оглед на фактот дека во моментов не сме во можност да одиме на професионални третмани, има трикови за да ја сочувате косата негувана и дома.
Подолу, ви носиме 3 трикови кои ќе ви помогнат косата да расте здрава и убава.

Врзете ја косата пред спиење
Еден од најдобрите начини да ја сочувате и да го спречување мрсењето на косата е да ја врзете пред спиење. Кога е пуштена, косата повеќе е склона на оштетување поради триењето кое доаѓа при превртувањето во креветот. Врзете ја косата во опашка или направете плетенка пред спиење.

Избегнувајте фенирање на косата
Сега кога сте дома, не е неопходно да имате фризура секој ден. Сите знаеме колку фенот и други помагала и штетат на косата, па барем додека сте во карантин, оставете ја косата да се исуши самостојно и дајте и шанса да се опорави.

Не ја тријте со пешкир

Најдобро е да ја исушите косата со обична памучна маица, но ако баш мора да користите пешкир, тогаш не ја тријте со него косата, туку стиснете ја за да ја исцеди водата, а потоа нежно ставете крпа на неа. Ова ќе го спречи оштетување на косата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако Дру Баримур го поминува времето во карантин!
Следна објаваВикторија Бекам е новото лице на насловната на априлскиот Voque
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ