Музејот на современа уметност МоМА во Њујорк, од вчера, ни овозможува да ги прегледаме сите тековни изложби од удобноста на сопствениот дом. Тој ни нуди бесплатна виртуелна турнеја на една од изложбите секоја недела.
Од овој викенд, кураторите во познатата МАМА ќе ги покажат омилените парчиња на колекциите, а можете да им поставите прашања на кои со задоволство ќе одговорат.

Секоја недела, MoMa ќе прикажува по една од најинтересните изложби, од кои првата е Home Movies, од кои можете да научите се за аматерскиот филм и како да направите свој филм, што е уште еден совршен начин да го пополните времето во деновите кога не излегуваме од дома.

Втората изложба во овој месец е презентација на револуционерни скулптури на еден од најпознатите скулптори на минимализмот од средината на 20-тиот век Donald Judd, а потоа и фотографии од Dorotheа Lang, една од најпознатите личности за документарни филмови на почетокот на 20 век.

Последната изложба овој месец ќе биде посветена на колекционерот и критичарот од ерата на неоипресионизмот, Félix Fénéon, во која меѓу другото ќе биде претставен и портрет на Fénéon, насликан од познатиот Paul Signac.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 бонтон правила доколку купувате од дома!
Следна објаваКако да добиете убаво обоени јајца на природен начин?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ