Се повеќе луѓе почнаа да купуваат преку Интернет, затоа што нивното движење е ограничено или од страв да се заразат.
За да можат сите работи да стигнат сигурни до вашиот дом, за тоа се грижат добавувачите. Ако сте еден од оние кои повеќе би сакале да останат дома и да чекаат да бидат доставени нивните нарачки, нема ништо спорно, но имајте на ум дека луѓето што ја доставуваат нарачката за вас, го ризикуваат нивното здравје. Затоа, обидете се да им го олесните тоа, или барем да не го отежнете, следејќи ги овие навистина едноставни правила.

1. Не штедете на напојницата
Напојницата не мора да биде голема, но дури и мало заокружување на сметката ќе ја зголеми платата на доставувачот, кој наместо вас, се изложува на можностите на заразата.

2. Одговорете на повиците и пораките на доставувачот
Кога нарачувате нешто, чувајте го вашиот мобилен телефон при рака. Честопати се случува, испорачувачот, ако доаѓа кај вас за прв пат, мора да провери дали е на вистинската адреса или да ве извести дека, на пример, нешто го задржало на патот.

3. Не нарачувајте работи за кои знаете дека тешко се наоѓаат.
Ако ни вие нешто не сте го нашле лесно во продавниците, постои добра шанса тоа нема да му успее ни на доставувачот. Бидете реални: Ако го нема тоа нешто во продавницата, вие и тој губите време.

4. Не нарачувајте големи количини на продукти за кои  има ограничување.
Ако продавниците имаат ограничување на количината на некој производ што можете да го купите, најголемиот дел од снабдувачите не може да го добијат во поголема количина.

5. Не се лутете ако мора да почекате на испораката
Сега многу луѓе нарачуваат производи, така што давателите на овие услуги се преполни со нарачки, и тоа не е вина на доставувачот. Трпение, тој ќе дојде штом ќе може.

6. Не лутете се дури и ако има недостиг на некоја стока
Ако одредена намирница ја нема на пазарот, добавувачот нема каде да ја купи.

7. Ако можете, изберете испорака без контакт
Многу служби за испорака ја нудат оваа опција, што значи дека лицето за испорака ја остава вашата нарачка пред вратата, а вие веќе сте платиле преку Интернет.

8. Без контакт навистина значи – без контакт
Не барајте доставувачот да ја внесе вашата нарачка во куќата, не му помагајте да го растовари работите од возилото, не отворајте ја вратата сè додека доставивачот не замине. Ова можеби звучи прекумерно, но тоа е најбезбедно нешто и за вас и за нив.

9. Не нарачувајте толкава количина на работи кои физички е невозможно да се донесат
Само затоа што можете да нарачате скоро се што сакате, не значи да нарачувате два картона пијалаци од вашиот омилен пијалок само затоа што не ги носите по скалите до четвртиот кат. Ако баш не можете без тоа, тогаш барем наградете го човекот за испорака со богат бакшиш.

10. Не се однесувајте непристојно …
Ова важи секогаш и за секој што ви прави услуга. Бидете љубезни кон луѓето кои доставиваат нарачки, не викајте на нив, не бидете груби и не им отежнувајте да ја вршат работата, која сепак не е лесна.

НЕМА КОМЕНТАРИ