Идеите за украсување на велигденските јајца се секогаш повеќе од добредојдени, особено кога станува збор за природни бои без вештачки адитиви. Погледнете подолу за тоа што да користите и како да ги обоите јајцата со природни бои.

Ако сакате да ги обоите јајцата со природен процес, важно е да знаете дека треба да ги извадите јајцата од фрижидер и да оставите да добијат собна температура. Потоа измијте ги и ставете ги во ладна вода на која додадовте малку сол. Ако сакате да добиете посилна, поизразена боја, оставете ги потопени во растворите преку ноќ, но во фрижидер.
Подолу прочитајте како да ја добиете бојата што ја сакате, со намирници кои веќе ги имате дома.

Сина
Додадете 600 грама сечкана виолетова зелка во врела вода. За посветла боја, чувајте ги јајцата околу половина час во оваа вода, а доколку сакате поинтензивна боја, оставете ги во водата во фрижидер во текот на ноќта.
Сребрена
Измешајте 800 милилитри обична вода со 800 грама замрзнати боровинки. Оставете ги боровинките во водата целосно да се стопат и да достигнат собна температура, а потоа исцедете ги. Ставете ги јајцата во течноста во фрижидерот преку ноќ.

Кафена

Ставете ја лушпата од црвен кромид во вода и варете додека не се смени бојата и не потемни. Украсете ги јајцата со лисја од разни треви или еластични гуми, ставете ги во исечен најлонски чорап и врзете го јајцето. Оставете ги така јајцата да  се варат околу десет минути.

Светло зелена
Во половина литар вода, зовријте два цвета од лаванда или кесичка зелен чај со двојно поголема количина на лисја од жалфија.
Зелена
100 грама лисја од спанаќ и замрзнати боровинки ставете во блендер и додадете литар сок од боровинки. Откако ќе зоврие исцедете, додадете две лажици куркума во прав.
Виолетова
Варете ги суви боровинки во 250 милилитри вода. Правилото е следно – колку повеќе боровинки, толку е поинтензивна бојата.

Жолта
Користејќи ракавици, ставете три лажици куркума или шафран во прав во литар вода и додадете две лажици бел оцет.
Портокалова
Ставете пет лажици слатка црвена пиперка и две лажици бел оцет во литар вода.
Црвена
Користете конзервирана вишна и сок од вишна, а за темно црвена наместо сок од брусница, ставете цвекло.
Розова
Ставете околу 800 грама исечено цвекло во врела вода. Иако на почетокот јајцата ќе изгледаат темно кафени, кога ќе се исушат, јајцата ќе имаат деликатна розова боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајпознатиот музеј во Њујорк- МоМА сега нуди виртуелни прегледи на сите тековни изложби!
Следна објаваТренд: маникир со сушено цвеќе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ