Нема сомнение дека Велигденските празници се едни од најубавите.

Не е случајно што црвената, жолтата, виолетовата, белата и зелената се најзастапени бои овој период од годината. Голем дел од симболиката има врска со литургиските бои, со боите на облеката која ја носат свештениците и транспарентите што висат околу црквата. Боите на облеката имаат значење во текот на целата година, но за време на постот и Велигден, многу од овие нијанси кои се користат во облеката имаат за цел да претставуваат различни аспекти од животот, смртта и воскресението на Исус. (И, се разбира, цвеќињата имаат своја, не-религиозна симболика, исто така.)

Црвената боја се користи најмногу за украсување за време на Велигден, бидејќи таа има огромно значење за празникот: Црвената боја е симбол на крвта на Христа и Неговата жртва за човештвото.

Белата е симбол на чистота и невиност, а исто така е и бојата на велигденскиот крин, кој има многу религиозно значење. На пример, се вели дека белите велигденски лилјани пораснале во Градината Гетсаманија по распнувањето на Христос. И во уметноста, белите лилјани честопати се поврзуваат со Дева Марија како симбол на нејзината чистота.

Жолтата и златната ја претставуваат сончевата светлина. Но, кога станува збор за цвеќиња, жолтите цвеќиња се симбол на пријателството. И во религиозен контекст, златото претставува радост, победа и триумф, како триумфот на воскресението над смртта.

Зелената е симбол на вечен живот, повторното раѓање и обновување.

Виолетовата е боја на постот, како симбол на покајание, смирение и меланхолија. Служи како потсетник за страдањата на Исус.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР